ДОМАШНО — РЕЦЕПТИ И ИДЕИ
Бесплатна офлајн верзија 0.2.0 · AST · Anfil Software Team 2026

WINDOWS
Отворете AST-Domashno-Setup-0.2.0.exe и изберете „Инсталирај“.
Инсталацијата е за тековниот корисник, без администраторски права.
Потребни се Windows 10/11 64-bit и .NET Framework 4.8.
Инсталаторот ја содржи целата апликација. Не презема дополнителен runtime.
Се додава кратенка во Start, а по избор и на Desktop.
Програмата е во %LOCALAPPDATA%\Anfil\Domashno\App.
SQLite базата и поставките се во %LOCALAPPDATA%\Anfil\Domashno\Data.
Програмата се отвора во сопствен прозорец и работи без интернет.

БЕЗ ИНСТАЛАЦИЈА
Распакувајте AST-Domashno-Offline-0.2.0.zip и стартувајте START.cmd.
Оваа верзија исто така ги чува рецептите во одделната локална база.

НАДГРАДБА ОД ПРЕТХОДНАТА „ДОМА“ / „ДОМАШНО“
Прво затворете ја старата програма, па пуштете го новиот инсталатор.
При првото отворање, ако новата база е празна, автоматски се пренесува
постојната база од %APPDATA%\Doma\doma.sqlite. Старата не се брише.
Се прави и копија во Data\Backup. Ако веќе има нова база, таа не се заменува.
За најстарото веб-издание: извезете ја збирката од веб-страницата и увезете
ја во новата програма. Записите од прелистувачот не се бришат.

ПОЧЕТОК
1. Изберете едно од денешните јадења или притиснете „Дај ми идеја“.
2. За намирниците дома: внесете ги со запирка и притиснете
   „Готви со тоа што го имам“. Работи и со латиница.
3. „Рецепт“ ги отвора состојките и подготовката.
4. „Ќе готвам ова“ го избира денешниот ручек; „Зготвено“ го памети во историјата.
5. Со срцето се додава во Омилени. „Мои рецепти“ ја прикажува целата база.
6. „Додај семеен рецепт“ овозможува свој наслов, автор, категории и подготовка.
7. Празнично мени дава предјадење, главно јадење и десерт.
   Диетално нуди полесни јадења според состојките, без пресметани калории.

СПОДЕЛУВАЊЕ
Во „Сподели рецепти“ изберете еден рецепт, означени рецепти, категорија,
именувана збирка или целата база. Именувајте го пакетот, на пример
„Сарма од Јована“ или „Рецепти од Марија“. Авторот и потеклото остануваат.
Пакетот е ZIP со recipes.doma, упатство и START-Windows.cmd.
Пратете го како прилог преку Viber, е-пошта или друга апликација по избор.
Апликацијата не испраќа пораки автоматски и нема автоматска синхронизација.

УВОЗ
Притиснете „Увези збирка“ и изберете ZIP, .doma или .json.
Проверете што содржи, именувајте ја збирката и изберете кои рецепти да се додадат.
Истите се прескокнуваат; за различни верзии избирате копија или замена.
Другите постојни рецепти не се бришат. Увозот не ги извршува скриптите во ZIP.

СОПСТВЕН ПРЕНОС И РЕЗЕРВНА КОПИЈА
Изберете „Целосен пренос на друг мој уред“. Тогаш пакетот ги вклучува и
омилените, историјата, намирниците и именуваните збирки. Увезете го на другиот
компјутер или телефон. Нема зависност од сервер и не е потребна регистрација.
Пред промена на уред и редовно по дополнување на збирката правете ZIP копии.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА WINDOWS
Windows → Installed apps → Домашно — рецепти и идеи → Uninstall.
Се отстрануваат само програмските датотеки и нејзините кратенки.
SQLite базата, резервните копии и неповрзаните кориснички датотеки остануваат.

ANDROID
Користете AST-Domashno-Android-0.2.0.apk. Потребни се Android 8+ и ажуриран
Android System WebView. Форматот за размена е ист како на Windows.
Надградувајте врз старата апликација, без деинсталација, за да останат податоците.
Пред деинсталација на Android извезете копија: системот ја брише приватната база.
APK е потпишан со истиот клуч како претходните изданија.
Ова е пробна Android верзија; останува проверка на вистински телефон.

Програмата и Windows инсталаторот немаат комерцијален Authenticode потпис.
Рецептите, фотографиите и фонтовите се вградени. Интернет е потребен само
за преземање, испраќање пакети или отворање надворешна страница.

Anfil Software Team 2026
https://www.anfil.com.mk
anfilsoft@gmail.com
+389 70 260732
