ДОМАШНО ЗА ANDROID · AST · Anfil Software Team 2026 Верзија 0.2.0 · Android 8 или понов 1. Преземете AST-Domashno-Android-0.2.0.apk и отворете ја од Преземања. 2. Ако телефонот побара, дозволете инсталирање од конкретниот прелистувач или менаџер на датотеки. Не треба да се исклучува Play Protect. 3. При надградба инсталирајте врз старата верзија, без деинсталација. 4. „Домашно“ ги чува рецептите локално, во SQLite. Не бара регистрација. 5. Пробајте: додавање рецепт, затворање и повторно отворање, споделување ZIP, и увоз на ист ZIP двапати — рецептите не треба да се дуплираат. За пренос од Windows користете „Увези збирка“. ZIP пакетот се избира директно, без распакување. На прегледот изберете што сакате да се додаде. За испраќање користете „Сподели рецепти“, зачувајте ZIP и изберете „Сподели“ во системскиот дијалог. Самите ја избирате апликацијата и примачот. Со „Целосен пренос“ се вклучуваат и омилените и историјата. Правете резервни копии: деинсталацијата на Android ја отстранува приватната база. Потписот е ист како во старите изданија. Не е објавено во Google Play. APK е изграден и криптографски проверен; сѐ уште нема тест на физички телефон. Anfil Software Team 2026 · www.anfil.com.mk anfilsoft@gmail.com · +389 70 260732