PDF во JPG (AI) — упатство Верзија AI · Бесплатно · Anfil Software Team 2026 · АСТ · printlabmk.com ШТО Е Самостојна Windows програма што ги претвора страниците на PDF во JPG-слики, со вградена вештачка интелигенција за отстранување на позадината од сликите. Работи целосно на вашиот компјутер, без интернет. Потребен е Windows 10 или понов. КОРИСТЕЊЕ 1. Отворете ја програмата (PDF-vo-JPG-AI-Win10-R2.exe) со двоен клик — нема инсталација. 2. Притиснете „Додај PDF“ и изберете една или повеќе датотеки. 3. Изберете острина (100 / 150 / 200 / 300 / 600 DPI) и квалитет на JPG. 4. По избор вклучете отстранување на позадината со AI. 5. Притиснете претворање. За секој PDF се прави посебна папка со сликите. Првото отстранување позадина може да потрае малку додека се подготви AI-моделот. ВАЖНО Програмата нема комерцијален дигитален потпис, па Windows SmartScreen или антивирусот може да прикаже предупредување. Ако датотеката е преземена од официјалната страница, изберете „More info“ → „Run anyway“. Не ја исклучувајте заштитата. Документите остануваат кај вас — ништо не се испраќа на интернет.