ДОМА — ДОМАШНИ СМЕТКИ ЗА ANDROID 0.5.0 Anfil Software Team 2026 — https://www.anfil.com.mk За Android 8 или понов, со ажуриран Android System WebView. Работи без интернет. НОВО ВО ВЕРЗИЈА 0.5 • Предлози за линк за плаќање: под полето за линк, според видот на трошокот, се нудат ЕВН Хоум, Водовод Скопје, Македонски Телеком и А1 Македонија. Ништо не се пополнува без ваш допир. Проверете дека адресата е официјалната страница на вашиот снабдувач. • Надградбата од 0.4 е директна: инсталирајте го новиот APK преку постојниот. Записите остануваат. ИНСТАЛИРАЊЕ Пренесете AST-Doma-Android-0.5.0.apk на телефонот и отворете го. Ако Android побара, дозволете инсталирање од конкретниот прелистувач или менаџер на датотеки што го користите. По инсталацијата можете повторно да ја исклучите таа дозвола. Не исклучувајте Play Protect. ПОДАТОЦИ И КОПИИ Евиденцијата останува локално во апликацијата, без регистрација. Преку „Податоци и копии“ извезете JSON и изберете каде да се зачува. Истата JSON-копија се увезува и во Windows верзијата и обратно. Увозот ги ЗАМЕНУВА сегашните записи; не ги спојува. Пред увоз мора успешно да зачувате копија од сегашните записи. Откажаното зачувување не го дозволува следниот чекор. CSV и ICS се извештаи, не целосни копии. Нема автоматска синхронизација. Чувајте редовни резервни копии. Деинсталирање или „Избриши податоци“ ја брише локалната евиденција. За надградба инсталирајте нов APK со ист потпис преку постојниот. ПОТСЕТНИЦИ На дното притиснете „Известувања на телефонот“ и дозволете известувања. Се планира дневна проверка околу 09:00 според времето на телефонот. Се земаат неплатените обврски со вклучен сопствен аларм и нивниот број на денови порано. Известувањето не прикажува износи или броеви на сметки. Android може да го одложи известувањето поради штедење батерија/мирување. По „Присилно запирање“ повторно отворете ја апликацијата. Дозволите, звукот на известувањата и ограничувањата ги контролирате во Android поставките. Прекинувачот „Звук“ во Дома е за звук во отворена апликација. Пред да се потпрете на потсетниците, направете проба на вашиот телефон. ЛИНКОВИ И ПЛАЌАЊЕ Предлозите за снабдувачи се почетни страници; ако имате директен линк за плаќање, внесете го рачно. Линкот се памети кај редовните трошоци. www.example.com и example.com автоматски стануваат https:// адреси. Надворешните линкови се отвораат во вашиот прелистувач и бараат интернет. Апликацијата не извршува банкарски плаќања. Уплатите се внесуваат рачно. ПРОВЕРКИ И ОГРАНИЧУВАЊА APK е изграден и потпишан со истиот клуч како претходните верзии. Апликацијата е проверена на физички Android телефон. Мобилниот интерфејс, зачувувањето, потсетниците, JSON извозот и заштитата при откажано зачувување дополнително се проверуваат автоматски при секое градење. Доставувањето известувања зависи од производителот и поставките за батерија; направете проба на вашиот телефон. ЗА ПРОГРАМЕРОТ python Android/provision.py презема проверени официјални преносливи алатки. python Android/build.py прави потпишан APK. node tests/android-ui.cjs го проверува пакуваниот интерфејс со симулирани Android повици. Клучот за надградби е во %LOCALAPPDATA%\AnfilSigning, надвор од пакетите. Чувајте безбедна приватна копија од таа папка; не ја објавувајте.