⌂домашноРЕЦЕПТИ И ИДЕИ · ASTAnfil Software Team 2026 ↗
БЕСПЛАТНО · ОНЛАЈН И ОФЛАЈН

Што да готвам денес?
Домашно, со малку инспирација.

Добриот ручек почнува со мала идеја. Зачувај ги семејните рецепти, искористи ги намирниците дома и размени нешто вкусно со пријателите.

Може и онлајн — без инсталација.

Отвори во прелистувач на телефон или компјутер. Разгледај идеи без најава; со профил добиваш лична онлајн збирка на рецепти и намирници.

Користи Домашно онлајн ↗

Прегледот на рецепти е достапен веднаш. Личните профили и зачувувањето на сите уреди ќе бидат активни по поставувањето на најавата. Потребен е интернет.

Windows

За компјутер

Твојот готвач на голем екран, со локална база и кратенка за лесно отворање.

  • Дневни предлози и намирници што ги имаш
  • Омилени, историја и сопствени рецепти
  • Празнични менија и полесни оброци
  • Извоз и увоз на избрани рецепти или цела збирка
↓ Преземи за Windows

Верзија 0.2.0 · 110.4 MB · Целосен офлајн инсталатор

Windows 10/11, 64-bit и .NET Framework 4.8. Сите компоненти се вклучени — инсталаторот не презема runtime. Инсталацијата е само за тековниот корисник, без администраторски права.

Пробна верзија

За Android телефон

Рецептите при рака, во сопствена база на телефонот и без интернет.

  • Внесување и читање рецепти без интернет
  • Ист формат за размена со Windows
  • Именувани пакети со автор и потекло
  • ZIP извоз и системско споделување
↓ Преземи за Android

Верзија 0.2.0 · 2.1 MB · Android 8+ · APK

Потребен е ажуриран Android System WebView. APK е потпишан и изграден, но системските дијалози и споделувањето сѐ уште треба да се проверат на вистински телефон. Преземањето е надвор од Google Play.

Готви со тоа што го имаш

Внеси намирници од фрижидерот. Предлозите покажуваат што се совпаѓа и што треба да провериш или набавиш.

Од Јована, за Марија

Именувај рецепт или пакет, избери што да испратиш и зачувај го авторот. Примачот одлучува што да додаде.

Твојот готвач расте со тебе

Сопствени рецепти, категории, омилени и историја. При повторен увоз нема дупликати, а изменетите верзии се по избор.

Пред да започнеш

Како се инсталира на Windows?

Отвори ја .exe-датотеката и избери „Инсталирај“. Ќе добиеш кратенка во Start и, по избор, Desktop. За верзијата без инсталација распакувај го ZIP-от и стартувај START.cmd.

Windows инсталаторот нема комерцијален Authenticode потпис. Провери го изворот и спореди ја SHA-256 сумата, ако ти е потребна проверка на датотеката.

Како се инсталира на Android?
  1. Преземи го APK и отвори го од „Преземања“.
  2. Дозволи инсталирање од конкретниот прелистувач или менаџер на датотеки ако телефонот побара.
  3. Отвори „Домашно“ и пробај внесување рецепт, повторно отворање, ZIP извоз и увоз.
  4. При надградба инсталирај врз старата апликација, без деинсталација.
Можам ли да ја пренесам мојата база меѓу телефон и компјутер?

Да. Во „Сподели рецепти“ означи „Целосен пренос на друг мој уред“. Така се пренесуваат сите рецепти, омилените, историјата и именуваните збирки. На другиот уред избери „Увези збирка“. Постојните рецепти се спојуваат, без дупликати.

Можам ли да испратам само еден рецепт или категорија?

Да. Избери еден рецепт, означени рецепти, категорија или цела збирка. Именувај го пакетот, на пример „Сарма од Јована“. Примачот гледа преглед и сам избира што да додаде.

Каде се чуваат податоците?

Онлајн верзијата ги чува рецептите и поставките во лична серверска база. На Windows во локална SQLite база во %LOCALAPPDATA%\Anfil\Domashno\Data. Надградбата и отстранувањето на програмата ја задржуваат базата и резервните копии. Android ја чува базата во приватното складиште на апликацијата; пред деинсталација направи ZIP копија.

Што ако веќе ја имам старата „Дома“?

Затвори ја старата апликација и инсталирај ја новата. При првото отворање на Windows, старата SQLite база се копира во новата локација само ако таму нема база. Се прави резервна копија, а оригиналот останува. За најстарата веб-верзија користи JSON извоз и увоз.

Проверка на преземените датотеки

SHA-256 на Windows инсталаторот:

77c11cedee888ed2d4ecd0fbcd1567b0d5d897e62d605b313b14413958fd3cd9

SHA-256 на Android APK:

8ae0e95074b306e5954da5da4307b018fc0e686e963f727d3c90b286bd31b1a3

Сите контролни суми