Пред да започнеш
Како се инсталира на Windows?
Отвори ја .exe-датотеката и избери „Инсталирај“. Ќе добиеш кратенка во Start и, по избор, Desktop. За верзијата без инсталација распакувај го ZIP-от и стартувај START.cmd.
Windows инсталаторот нема комерцијален Authenticode потпис. Провери го изворот и спореди ја SHA-256 сумата, ако ти е потребна проверка на датотеката.
Како се инсталира на Android?
- Преземи го APK и отвори го од „Преземања“.
- Дозволи инсталирање од конкретниот прелистувач или менаџер на датотеки ако телефонот побара.
- Отвори „Домашно“ и пробај внесување рецепт, повторно отворање, ZIP извоз и увоз.
- При надградба инсталирај врз старата апликација, без деинсталација.
Можам ли да ја пренесам мојата база меѓу телефон и компјутер?
Да. Во „Сподели рецепти“ означи „Целосен пренос на друг мој уред“. Така се пренесуваат сите рецепти, омилените, историјата и именуваните збирки. На другиот уред избери „Увези збирка“. Постојните рецепти се спојуваат, без дупликати.
Можам ли да испратам само еден рецепт или категорија?
Да. Избери еден рецепт, означени рецепти, категорија или цела збирка. Именувај го пакетот, на пример „Сарма од Јована“. Примачот гледа преглед и сам избира што да додаде.
Каде се чуваат податоците?
Онлајн верзијата ги чува рецептите и поставките во лична серверска база. На Windows во локална SQLite база во %LOCALAPPDATA%\Anfil\Domashno\Data. Надградбата и отстранувањето на програмата ја задржуваат базата и резервните копии. Android ја чува базата во приватното складиште на апликацијата; пред деинсталација направи ZIP копија.
Што ако веќе ја имам старата „Дома“?
Затвори ја старата апликација и инсталирај ја новата. При првото отворање на Windows, старата SQLite база се копира во новата локација само ако таму нема база. Се прави резервна копија, а оригиналот останува. За најстарата веб-верзија користи JSON извоз и увоз.
Проверка на преземените датотеки
SHA-256 на Windows инсталаторот:
77c11cedee888ed2d4ecd0fbcd1567b0d5d897e62d605b313b14413958fd3cd9SHA-256 на Android APK:
8ae0e95074b306e5954da5da4307b018fc0e686e963f727d3c90b286bd31b1a3Сите контролни суми